Утрински Весник
Македонија

Одвоени средби на министерот Муцунски со амбасадорите на Австрија и Грција, Памер и Филипиду

1 9.jpeg
Dik 300x250 mk

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари одвоени средби со амбасадорот на Австрија во Република Северна Македонија, Мартин Памер, и амбасадорката на Грција во Република Северна Македонија, Софија Филипиду.

На средбата со амбасадорката Филипиду, соговорниците изразија заедничка подготвеност за натамошно унапредување на билатералната и мултилатералната соработка. Како непосредни соседи и НАТО сојузници, тие ја потврдија важноста од зајакнување на добрососедските односи и обезбедување на регионална стабилност, безбедност и просперитет, преку целосна ЕУ интеграција на регионот. Посебен акцент беше ставен на соработката во областа на одбраната, инфраструктурното поврзување, енергетиката, културата, туризмот и, пред сè, економијата. Притоа беше истакнато дека Грција останува еден од најголемите трговски партнери на нашата земја.


На средбата со амбасадорот Памер, беше потврдена силната и традиционално добра соработка помеѓу Австрија и Северна Македонија. Акцент беше ставен на одржување на динамичниот политички дијалог и зголемување на соработката во сите сфери од заемен интерес. Особено беа разгледани можностите за зајакнување на економските односи, преку интензивирање на соработката со австриската сојузна стопанска комора и зајакнување на трговските релации. Министерот Муцунски се заблагодари и ја истакна важноста на австриската поддршка во евроинтеграцискиот процес и улогата на Австрија во Групата „Пријатели на Западен Балкан”.

Можете да прочитате

Мицкоски: В недела сите масовно да излеземе на гласање, затоа што додека седите дома, други одлучуваат за вашата иднина

Цветаноски: Демократијата повторно оживеа преку лидерството на Венко Филипче!

Тешка телесна повреда при семејно насилство во Петровец