Утрински Весник
Македонија

Магла на неколку патни правци

Magla.jpg

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла од 50 – 100 метри има во Делчево, Битола, Прилеп, како и на патниот правец Петровец – Велес.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.


АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Милошоски: Пироманите се организирани, а целта е да се предизвика политичка нестабилност кај владата

Деца во градинка во Центар пронашле шприц во дворот користен од наркоман, ја скршиле иглата и се гребеле со неа

Мицкоски: Со нетрпение го очекувам решението на СДСМ за црвените линии со Бугарија