Утрински Весник
Свет

Фицо: Се подготвува список на луѓе кои ќе бидат протерани од Словачка во врска со обидот за државен удар

Fico.png

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави денеска дека во моментов се подготвува список на лица кои административно ќе бидат протерани од Словачка во врска со обидот за државен удар.

Тој во емисијата „Саботни дијалози“ на телевизијата СТВР најави дека протерувањето ќе биде извршено „во следните неколку дена“.


Според него, вчерашните протести во неколку словачки градови биле организирани врз основа на „лагата“ дека неговата влада сака да ја „извлече Словачка од Европската унија и НАТО“.

„Се истражуваат и финансиските текови, како се финансирало, организирало, кој стои зад сето тоа. Тоа е глупост“, рече Фицо.

Нагласи дека не планира да поднесе оставка во врска со протестите и дека за изборните резултати не се одлучува на улиците, туку на парламентарните избори

Можете да прочитате

Oбвинителството на Иран се закани со смртни казни за демонстрантите

Масовни протести низ САД откако агент на ICE уби жена

Орбан: Глобална трансформација е пред нас