Утрински Весник
Скопје

ЈСП ќе проверува дали некој ги саботира автобусите 

20250125125958 Big 730x400 91.webp.webp

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ќе испитува дали некој ги саботира нивните автобуси откако денеска изгоре еден од украинските автобуси во скопската населба Сопиште. Во изјава за Телма, директорот на Јавното претпријатие Драги Кушовски вели веќе имаат одредени сознанија.

-Имаме одредени сознанија. Да видиме дали тие сознанија ќе ни се потврдат или не. Дали можеби некој намерно или ненамерно од разни нему познати причини може да придонесува за неколку пати да се случуваат вакви работи, смета Кушовски.


Ова трет случај во последните шест месеци. Во јули минатата година автобус на ЈСП се запали во Бутел. Тогаш причината беше електричната инсталација. Истиот месец, претходно, автобус од пожар настрада и на Железничката станица.

Можете да прочитате

(Фото) И во јануари Матка е атрактивна за туристи, најбројни странските

Контејнери како депонии во Скопски Центар

Поради планирани прекини делови од три скопски општини утре без струја