Утрински Весник
Македонија

СВР-Штип апелира возачите своите возила да ги паркираат прописно

Parking.jpg

Возачите со цел да го избигнат паркирањето во централното градско подрачје во Штип своите автомобили ги паркираат во споредните улички и по тротоарите, со цел да се избегне наплатата.

Но, и по штипските населби има непочитување на сообраќајните правила и таму возилата се паркираат по тротоарите. Секторот за внатрешни работи (СВР)-Штип денеска преку писмено соопштение упати апел до граѓаните, односно учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и со тоа какошто се вели во него „сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај“.


-Граѓаните на Штип, но и на другите градови, да не ги паркираат односно запираат возилата на места на кои тоа не е дозволено, се вели во соопштението на СВР-Штип.

Во него се наведува дека до 15 февруари полициските службеници ќе изрекуваат опомени за наведените прекршоци, а потоа ќе се изрекуваат прекршочни платни налози на возачите кои ги прават овие прекршоци, а се со цел подигање на нивото на безбедност во сообраќајот.

Можете да прочитате

Казни до 400 до 5.000 евра за сопственици на домашни миленици, се подготвува нов Закон за заштита на животните

Четири лица уапсени во Муртино поради дрога

Лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје биле поврзани со Исламска држава, велат од АНБ