Утрински Весник
Свет

Невреме во Австралија: Повеќе од 25.000 домови се без струја

677z381 677z381 677z381 Australija Nevreme R0f5wjeg0dahn9fqbpyke0n97x5en9w326p7da0pls.jpg

Повеќе од 25.000 домови и деловни објекти останаа без струја бидејќи невремето го погоди северниот дел на Нов Јужен Велс, Австралија, додека главните патишта беа блокирани од паднатите дрвја.

Надзорникот Скот Мекленан рече дека дошле повеќе од 140 повици од сопственици на куќи на кои им е потребна помош, пренесува ABC News.


Компанијата „Есеншл енерџи“ соопшти дека работи на враќање на струјата.

Во Твид Хедс поради силно невреме е уништен автомобил пред градинка, а човекот во возилото се здобил со полесни повреди.

Метеорологот Едвард Медлок изјави дека невремето ќе продолжи денеска и утре.

Невремето донесе и обилни врнежи, при што во Алстонвил се забележани 53 милиметри дожд, додека во помалите градови падна град.

Во петок се очекуваат температури од 36 до 38 степени со ризик од силен ветер и можна појава на град, информираат метеоролозите.

Можете да прочитате

Американец повикал помош и застрелал седум полицајци, пронајден е мртов

Петмина повредени во напад со нож во Лондон

Трамп денеска ќе и се обрати на политичката елита на форумот во Давос