Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Нема пари за плати, нема лекови а власта запнала авион за функционери да купува

Sdsm 1.jpeg

Соопштение за јавност на СДСМ:

Во државата нема лекови, власта вели дека нема пари за плати за работниците, нема пари за поголема минимална плата а запнала авион за функционерите да купува со пари на граѓаните.


Во горда Македонија на Мицкоски нема пари за работниците и нема лекови- има само за луксузните патувања на владините функционери.

Баш му е гајле на Мицкоски за животниот стандард на народот, за тоа што нема лекови на Онкологија. 

Ветувањата за скромност пред изборите ДПМНЕ ги замени со аздисаност и луксуз за функционерите.  Мицкоски си игра мајтап со тие што го плаќаат, граѓаните.

Ова ја покажува ароганцијата и потценувањето на граѓаните но и начинот на којшто ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ќе се однесуваат, душмански со парите на граѓаните, за сопствени луксузирања.

СДСМ е против и заедно со граѓаните ќе се спротивстави на овие расипнички и погрешни политики на ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Тошковски ја отвори заедничката обука на САЕ „Тигар“ и француската единица РАИД: Размената на искуства и знаења е клучна за унапредување на полициските капацитети

СДСМ: Граѓаните стравуваат за сметките за струја а октоподот на Мицкоски со нови зделки од 13,2 милиони евра

Прво пенливо вино од линијата Luda Mara на „Тиквеш“: Од Тиквешијата, создадено за светската сцена