Утрински Весник
Македонија

За еден месец над 1200 возила завршија на вонреден технички преглед

Centar Soobrakajci Noke.jpg

Сообраќајната полиција и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата (МЕБСП) на Министерство за внатрешни работи изминатиот месец извршиле вкупно 6984 контроли на возила што сообраќаат низ градовите во државата согласно „Акцискиот план за чист воздух за грејната сезона 2024 – 2025 година“.

Како што информира Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), во доставениот извештај до Работната група за чист воздух на Министерството за животна срдина и просторно плнирање, во период од 13 декември 2024 до 13 јанаури 2025 година од страна на СВР Скопје, СВР Тетово, СВР Охрид, СВР Битола, СВР Велес, СВР Куманово, СВР Штип, СВР Струмица и МЕБСП се извршени вкупно 6984 контроли на возила.


– Во Скопје се направени 562 контроли, во Тетово 367, во Охрид 1564, во Битола 993, во Велес 546, во Куманово 540, во Штип 1338, во Струмица 498, а од страна на МЕБСП на патиштата 576 контроли. Од вкупниот број контролирани возила, 1206 се упатени на вонреден технички преглед, утврдени се 167 технички неисправни возила, 20 нерегистрирани возила, а кај 10 возила се констатирани несправни уреди за мерење на емисијата на испусните гасови, се вели во соопштението.

За реализација на оваа мерка од Акцискиот план Сообраќајната полиција и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата ангажирале 1192 вработени.

Можете да прочитате

Повредените од верижниот судир кај Смилковско езеро се во стабилна состојба

Намалена видливост поради магла во Штип и на патот Велес-Катланово

Ахмети: Ако тие што зборуваат албански треба да одат во Албанија, а другите во Бугарија на кого ќе ја оставиме оваа земја