Утрински Весник
Свет

Туркиш ерлајнс ги обнови летовите за Сирија по 13 години пауза

20250123103536 Big 730x400 47.webp.webp

Турската авиокомпанија Туркиш Ерлајнс (Turkish Airlines) денеска ги обнови летовите за Сирија, воспоставувајќи линија Истанбул-Дамаск, прва од 2012 година кога линијата беше укината поради граѓанската војна во земјата.

Речиси 350 патници, со голема радост, утрово се качија на летот за Дамаск од Истанбул, пренесува Анадолија.


Патничката Фатма Зехра изјави дека пристигнала во Турција кога имала само две години и е многу возбудена што ќе се врати со семејството во својата татковина.

– Никогаш не сум ја видела својата земја. Толку сум возбудена што ќе ја видам за првпат. Одиме од Дамаск за Алепо, каде што ќе ја видам баба ми, рече сега четиринаесетгодишната Зехра.

Околу четири милиони Сиријци најдоа прибежиште во соседна Турција за време на војната.

Еден од патниците, Ахмет Кираз, рече дека пристигнал во Турција во 2012 година, каде што го изградил својот живот преку образование и работа, и дека никогаш не очекувал враќање во Сирија.

„Мислевме дека никогаш нема да се вратиме“, изјави Кираз, додавајќи дека биле пресреќни кога се укажала можноста за враќање.

„Се враќам во својата земја со првиот лет. Чувството е како сон“, додаде тој, пренесува Анадолија.

Можете да прочитате

Петмина повредени во напад со нож во Лондон

Невреме во Австралија: Повеќе од 25.000 домови се без струја

Трамп денеска ќе и се обрати на политичката елита на форумот во Давос