Утрински Весник
Свет

Спасувачите го пронајдоа телото на вториот исчезнат рудар во Словенија

Zaginat Rudar Vo Rudnik Slovenija Velenje.jpg

Спасувачите пронајдоа уште едно тело на исчезнат рудар кој настрада во јагленокопот во словенечкиот град Велење.

Продолжува потрагата по третиот рудар кој е заробен во јамата.
Во еден од тунелите на јагленокопот „Прелоге Премогвник“ вчера продре вода при што затрупа 14 рудари, од кои 11 успеале да излезат од рудникот.


Во јагленокопот навлегле од 500 до 700 кубни метри водена глина.

Спасувачите рачно ја отстрануваат глината за да стигнат до третиот рудар.

Поведена е истрага за несреќата, додека компанијата што управува со рудникот соопшти дека „и покрај сите сигурносни мерки, не може да се предвиди што може да се случи“.

Несреќите во рудникот за јаглен во Велење не се ретки. Последната голема несреќа при работа се случи во февруари минатата година, кога во пештерата дојде до зголемена концентрација на гас при што беа повредени четворица рудари. Во 2023 година тројца рудари беа повредени, а во 2022 година 14 лица беа полесно повредени при уривање на столб.

Можете да прочитате

Семејството се спаси, но не и 17-годишната девојка: заедно бегале од пожарот во турскиот хотел, а потоа таа исчезнала

Ако „згрешите“ во една земја-членка, нема да можете да возите во цела ЕУ

Ја викаат „Ѕверот“ – Во каква блиндирана лимузина се вози Трамп?