Утрински Весник
Македонија

„Праеториан“ доби договор за државно обезбедување: Шпекулациите за роднински врски остро демантирани

Sozr Zgrada 1024x576 1.jpg

Службата за општи и заеднички работи со компанијата „Праеториан” склучи договор за  „физичко, техничко и патролно обезбедување на објекти на државната управа” во времетраење од три години во вредност од околу 3 милиони евра. На оваа јавна набавка конкурираа четири фирми, што не беше случај во изминатите шест години, кога само една фирма која конкурирала, секогаш го добивала тендерот на максималната вредност. Избраната компанија има доставено сериозно висока банкарска гаранција во висина од 20 милиони денари. 

За жал, деновиве во јавноста се изнесуваат очигледни шпекулации во врска со набавката, за мои наводни фамилијарни врски со избраната компанија.


Жалам што, наместо да се нагласи заштедата од 30 милиони денари за државниот буџет, што не било случај во минатото, јавноста се дефокусира со неосновани обвиненија адресирани на моја сметка. Одговорно тврдам дека во никаков облик не постојат мои роднински врски со сопствениците на избраната компанија.

Како што беше случај и досега, во секој аспект од мојата работа, секогаш се водам според принципи на моралност, транспарентност и во интерес на Република Македонија и нејзините граѓани.

Ја уважувам и трката по сензационализми и ја разбирам нелагодноста на оние кои со години биле научени за сметка на народот да печалат огромни суми на пари, без конкуренција и на однапред познати и договорени тендерски услови, но таа практика по смена на власта заврши.

Во однос на пишувањата и дел од прозивките за наводно наместениот тендер, сакам резолутно да ги отфрлам и демантирам ваквите наводи и да посочам на следните факти:

  • Факт број еден. Тендерот за обезбедување кое го спроведе СОЗР вметна за главен услов најниска цена, и внесе обезбедување на конкуренција во наддавањето што придонесе за истата работа од претходно, сега да се постигне пониска цена за половина милион евра и исто толку пари на граѓаните се заштедија во државниот буџет.
  • Факт број два. Добитникот на тендерот, компанијата „Праеториан”, на никаков начин не е поврзана со мене, ниту му припаѓа на некој мој роднина. Ова е чиста дезинформација и обид за манипулација на јавноста.

Воведовме практика, извршивме процес на реформи во насока на зголемување на конкуренцијата што создава услови за намалување на трошоците за државата, што предизвика реакција од оние кои се навикнати на старите практики, во кои немаше конкуренција и тендерите беа наместени. Тие, очигледно, не се подготвени да прифатат дека новата власт работи во интерес на народот и во услови на транспарентност и отчетност.

Оттаму, ја разбирам и загриженоста и нервозата на дел од конкуренциjата која деновиве ги пласираше шпекулациите упатени на моја сметка.

Сакам на сите да им порачам дека очигледните фабрикувани наводи нема да ме спречат да продолжам со посветена работа за доброто на државата.

Напротив, овие неосновани обвиненија ќе ми дадат дополнителна мотивација да продолжам функцијата да ја извршувам чесно, транспарентно, отчетно и законски во интерес на државата и граѓаните.

Одредени политички гарнитури во минатото ја цеделе оваа институција преку разни сомнителни набавки. Многу фирми сакаат така да продолжи работата како што тоа го правеле со минатата Влада, навикнати на корупција и на функционери кои ги полнат џебовите на сметка на народот. Така не може и не смее и најостро ќе се спротивставам на тоа што се случувало.

Народот се исселува и е во апатија заради безредието и корупцијата која ја разори државата и ги поддржи темелите на институциите. Мора да се доведе ред. Тоа доведување ред очигледно им пречи на тие кои се творци на хаосот до сега.

А, тоа се компании на кои им се плаќало по пола милион евра повеќе за истата оваа работа. Каде оделе тие пари треба медиумите да се распрашаат, а обвинителството да истражи. Затоа не само што сметам дека ова е добро туку и штедењето и транспарентниот и чесен однос кон претпријатието доведе до 50 проценти намалување на долгови и заштеди.

Можете да прочитате

Мицкоски во посета на црквата Св. Никола во Њу Џерси

СДСМ: Пациентите страдаат – Таравари и неспособната Влада ја доведоа Онкологија пред колапс

Филипче: Операцијата за сериозен проблем со рбетот ја подобри квалитетата на животот на пациентот