Утрински Весник
Свет

ЕУ се надева дека САД ќе ја преиспитаат одлуката за повлекување од СЗО 

Szo.webp.webp

Европската комисија со загриженост гледа на најавата на САД за повлекување од Светската здравствена организација (СЗО) и се надева дека Американската администрација ќе ја преиспита ваквата своја одука, изјави денеска портпаролката на ЕК за социјални права и вештини, подготвеност, еднаквост, култура и здравство, Ева Хрнчирова.

– Ако сакаме да бидеме отпорни на глобалните здравствени закани, треба да има глобална соработка во областа на здравството, додаде Хрнчирова.


Според неа, Ковид пандемијата е најдобар пример за потребата од глобална соработка во сферата на здравството, бидејќи „вирусите не застануваат на границите“.

Во однос на забелешките за ефикасноста на СЗО, Хрнчирова рече дека секогаш има простор за подобрување и ЕУ би сакала да се вклучи во можните реформи на Организацијата.

– Ни треба заедничко решение за заедничките проблеми. Ако сакаме да имам реформа на СЗО, тогаш треба и да се ангажираме за тоа, додаде Хрнчирова.

Во врска со очекуваниот „финансиски јаз“ што би настанал во СЗО со повлекување на САД, Хрнчирова нагласи дека ЕУ со своите партнери внимателно ја анализираа ситуацијата околу тоа прашање.

– Ги повикуваме сите членки на СЗО да се справат со овој предизвик и да ги зголемат своите издвојувања, со цел да се обезбеди предвидливо и флексибилно финансирање на СЗО, додаде Хрнчирова

Можете да прочитате

Четворица повредени во напад со нож во Тел Авив, напаѓачот убиен

Пронајдено новороденчето киднапирано од болница во Италија, уапсени маж и жена

ОН: Примирјето овозможи над 2.400 камиони со помош да пристигнат во Газа