Утрински Весник
Свет

„Вашингтон пост“: Русија не е виновна за оштетувањето на подморските кабли во Балтичкото Море

20250120085626 Big 730x400 89.webp.webp

Оштетувањето на подводните кабли во Балтичкото Море, што ги вознемири европските безбедносни претставници во последниве месеци, најверојатно е резултат на поморска несреќа, а не на руска саботажа, потврдија за „Вашингтон пост“ неколку американски и европски разузнавачи.

Овој заклучок го одразува новиот консензус меѓу американските и европските безбедносни служби, изјавија високи функционери од три земји вклучени во тековните истраги за серијата инциденти во кои каблите што претставуваат критични енергетски и комуникациски линии беа отсечени во Балтичкото Море, пишува „Вашингтон пост“.


Американските и европските претставници рекоа, според весникот, дека досега собраните докази, вклучително и пресретнати комуникации и други доверливи разузнавачки информации, укажуваат на несреќи предизвикани од неискусни екипажи кои служат на лошо одржувани бродови и дека има недостиг на докази што укажуваат на руска вина.

И покрај првичните сомневања за руска вмешаност, еден европски функционер рече дека има „против докази“ кои укажуваат за спротивното, а американски и европски претставници одбија да дадат детали и зборуваа под услов да останат анонимни, наведувајќи ја чувствителноста на тековните истраги.

Истрагите се фокусирани на три инциденти во изминатите 18 месеци во кои бродови кои патувале до или од руски пристаништа биле осомничени дека ги прекинале клучните врски во огромната подводна мрежа на цевководи кои носат гас, електрична енергија и интернет сообраќај до милиони луѓе низ северна Европа.

Можете да прочитате

Папата Франциск го нарече „срамен“ планот на Трамп за депортирање имигранти

Почнува Светскиот економски форум во Давос

Во Кина погубени двајца мажи: едниот со автомобил убил 35 лица, другиот со нож осум