Утрински Весник
Македонија

Костова: Имаме надградена и проширена верзија на режимско дејствување на ДПМНЕ

K Kostova 3 Raczin.jpg

Соопштение за јавност на СДСМ:

За жал, неуспесите на Владата на ДПМНЕ не завршуваат на планот на економија. Институциите забрзано се партизираат со кадри од ДПМНЕ кои немаат ниту соодветни дипломи, или по непотистички клуч – со блиски роднини на дпмневските функционери. Сагата со назначувањето на партискиот апаратчик Христовски на чело на АНБ зазема алармантни размери, истакна потпретседателка на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Кристина Костова во интервју за порталот „Рацин”.


Костова нагласи дека скандалите кои произлегоа поради сомнителното образование на Христовски, недостаток на елементарни квалификации, упадот во и корумпирањето на ДКСК, се само вовед во втора, „надградена и проширена” верзија на режимско дејствување на ДПМНЕ преку безочна узурпација на институциите и потиснување на слободниот говор и мисла.

Брутално се партизира судството, а притисоците врз Судскиот Совет, заканите кон судии и обвинители се дел од стратегијата на Мицкоски и ДПМНЕ за целосна партизација на институциите и повторно заробување на судството и враќање на режимот, нагласи Костова, додавајќи дека се случија скандалозни помилувања на нарко-босови и осудени криминалци.

Костова истакна дека истовремено безбедноста на граѓаните е сериозно намалена: бегства на криминалци, запалени возила, триесетина престрелки и пукотници, десетина убиства и обиди за убиства, секојдневни пресметки помеѓу криминални групи, а сето тоа зачинето со вештачко создадени меѓуетнички тензии, како обид за дефокус од силниот набој на неуспеси, а загрижувачки се и статистиките за смртност на бебиња само во изминативе шест месеци.

Во ваков општествено-политички контекст, власта на ДПМНЕ дозволи и Албанија да не претрка на европскиот пат. Калкулациите и постојаните промени на ставовите на Мицкоски и ДПМНЕ создаваат сериозни сомнежи за нивната искреност и за постоењето јасен план за евроинтеграциите. Потребна ни е власт која вистински ќе се грижи за подобрување на животниот стандард на сите граѓани, а не само за привилегиите на неколкутемина големци блиски до ДПМНЕ. Потребна ни е власт која ќе ја извади Македонија од изолационистичките канџи на дестабилизирачките сили, порача потпретседателка на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Кристина Костова во интервју за порталот „Рацин”.

Можете да прочитате

Д-р Стојановска – Јовановска: Со ставот „ништо не ми е“ многу луѓе го кријат својот страв за здравјето

Бени Шаќири: Целиот персонал на Клиника за онкологија е на ниво на висок професионализам

(Во живо) Новата епизода на поткаст ЗРАК со д-р Марина