Утрински Весник
Скопје

Посебен сообраќаен режим во Скопје за Водици

Rezim.webp.webp

По повод верскиот празник Богојавление-Водици денеска ќе има посебен режим на сообраќај на одредени сообраќајници во централното градско подрачје на Скопје, како и во општините Ѓорче Петров, Кисела Вода и Аеродром. 

СВР Скопје соопшти дека во центарот на градот за сообраќај ќе биде затворена улицата „Филип Втори Македонски“ на потегот од крстосницата со булеварот „Гоце Делчев“ до крстосницата со улицата „11-ти Октомври“ во двете насоки.


Во општина Кисела Вода за сообраќај ќе бидат затворени улиците „14-ти Декември“ и дел од улицата „Христо Татарчев“ до салата „Расадник“.

Во општина Ѓорче Петров за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“, булеварот „Партизански Одреди“ до улицата „Ѓорче Петров“, потоа улицата „Ѓорче Петров“ до улицата „Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“, улицата „Козле“, дел од улицата „Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар.

Можете да прочитате

Во понеделник автобусите ќе возат по неделен ред, Жичарницата нема да работи

Герасимовски: Работнички добива модерна ФИБА сала,  паркетот се поставува, се монтираат семафорите

Поради дефект без вода неколку улици во Козле