Утрински Весник
Македонија

Трагедија во Прилепско, починаа новороденчиња-близначиња

20250117093959 Big 730x400 32.webp.webp

Две новороденчиња, близначиња, на околу 20-тина дена старост починале вчера околу пладне, а јавен обвинител од основното јавно обвинителство од Прилеп нареди обдукција за да се утврди причината за нивната смрт. 

Според јавниот обвинител Стевчо  Биноски, новороденчињата, машко и женско, биле во тешка здравствена состојба. Семејството од домот во прилепското село Славеј повикало Итна помош.


– Семејството во селото Славеј повикало итна помош. Близначињата биле во тешка здравствена состојба. Екипата на итната помош штом пристигнала констатирала смрт кај едното бебе, а другото било префрлено во прилепската болница во тешка состојба каде починало. Семејството живее во екстремно лоши услови и има уште три деца. Наредив обдукција за да се утврди причината за смртта на новороденчињата. Известени се надлежните, меѓу кои од Центарот за социјални работи од Прилеп, ни изјави Биноски.

Денеска во 12 часот закажана е прес конференција во Центарот за Социјални работи.

Можете да прочитате

Филипче од Прилеп: ДПМНЕ го понижи трудот на работниците и го срози стандардот на граѓаните

Кога ќе се врати од Вашингтон Мицкоски ќе се сретне со УПОЗ

Бугарски медиуми тврдат: ПР компанија, а не Трамп го „поканила“ Мицкоски во Вашингтон