Утрински Весник
Македонија

Mинималната плата да биде 31.500 денари, бара СКСЗМ

Pari 1 1.jpg
Dik 300x250 mk

По барањето на Сојузот на синдикати на Македонија да се зголеми минималната плата, Стопанската комора на северозападна Македонија излезе со предлог таа да изнесува 500 евра, но придонесите да останат на нивото на сегашната минимална плата.

Овој став на Комората денеска го потврди и нејзиниот претседател, Менди Ќира, кој смета дека тоа е единствен начин да се реши минималецот на подолг период.


-Да, ние стоиме на тој став минималната плата да биде 31.500 (денари) и придонесите да останат исти и мислиме дека тоа е единствена солуција и начин да се реши минималната плата за подолги години, изјави Ќира, одговарајќи на новинарско прашање пред состанокот што Стопанската комора на северозападна Македонија денеска го организираше со претставници на Владата.

Можете да прочитате

Подгответе се за продолжен викенд – Ова е последниот за 2025

МВР опомена 150 граѓани кои зборувале на телефон додека поминувале на пешачки

Најстудено во Крушево, најмногу дожд во Охрид