Утрински Весник
Македонија

Плацевите на Груевски проценети на 5,8 милиони евра

Gruevski.jpeg

5,8 милиони евра вредат градежните земјишта на Водно, а кои беа конфискувани од екс премиерот Никола Груевски со пресудата за ,,Плацеви на Водно”, а по обвинение на обвинителката Лиле Стефанова, пренесе Фокус.

Станува збор за поголема парцела од 11.000 квадрати (поделена на три дела) и еден плац од 2.700 квадрати.


,,Фокус” побарале одговор од Агнцијата за управување со одземен имот дали е направена проценка на вредноста на земјиштата, од каде што ни одговорија дека вкупната вредност е приближно 5,8 милиони евра.

-Станува збор за одземен имот, градежното земјиште кое се наоѓа во КО Центар 2, пристигната e процена изготвена од страна на Бирото за процени и истата е во износ од 354.998.700 денари, одговорила директорката Ирена Илиевска.

Ова значи дека по направената проценка на вредноста, наскоро имотот ќе треба да се огласи за продажба. Како што појаснува диркторката Илиевска, продажбите се запрени бидејќи треба да се донесе нов Статут од Владата, а потоа и да се изработат нови правилници.

Повеќе

Можете да прочитате

Маж во Велешко каснат од видра, која е реткост во Македонија

Тошковски за Груби: Од ден на ден се повеќе се гледа дека осомничениот не е чист како солза

Mинималната плата да биде 31.500 денари, бара СКСЗМ