Утрински Весник
Македонија

Владата ги повикува УПОЗ на разговор

Vlada.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Владата ги повикува на разговор претставниците на синдикалната организација УПОЗ, доколку, како што велат од таму, вистински се грижат за платите на вработените, во спротивно ќе сметаат дека УПОЗ е синдикална организација која обработува за нечии партиски интереси.

Протестите не се најдобриот начин на комуникација, а Владата е отворена за постигнување на договор со сите синдикални организации преку дијалог, велат од „Илинденска бр.2“ за протестите на дел од јавната администрација и барањето за поголеми примања. Оттаму велат дека за шест месеци како Влада направиле многу повеќе за граѓаните од тоа што го направи претходната Влада за 7 години.


„Жалиме што УПОЗ и покрај Економско-социјалниот совет како тело во кое што учествуваат и на кое што секогаш сме дискутирале за сите предизвици, одбраа да протестираат. Владата докажа и покажа дека е партнер на работниците, затоа потенцираме дека како Влада сме спремни да седнеме на маса и да ги разгледаме сите предлози од страна на синдикатите. Штрајкот како прво решение не е легитимен чекор и покажува политичка инструираност, наведуваат од Владата.

Оттаму посочуваат дека протестите се малициозни и политички мотивирани, платите не се високи, но и можностите на буџетот се лимитирани.

„Доколку УПОЗ вистински се грижи за платите на работниците, ги повикуваме на разговор се со цел вистинско изнаоѓање на решенијата. Во спротивно останува сомнежот дека УПОЗ е синдикална организација која обработува за нечии партиски интереси кои не мислат ништо друго освен собирање на ситни политички поени на грбот на граѓаните, соопштија од Владата.

Можете да прочитате

МЖСПП: Прекинат прагот на алармирање, престануваат да важат мерките и препораките

Миноски: Економските мигранти се последно решение за проблемите на пазарот на труд

СДСМ: Изборот на в.д. обвинителка нов доказ, власта сака целосна контрола