Утрински Весник
Македонија

Над половина метар снег на Попова Шапка и Маврово

Sneg 1.jpg

Утрово најстудено било на Попова Шапка каде што се измерени -10 степени, -7 било во Маврови Анови и Крушево, -6 во Берово, -3 во Битола, Дебар, Прилеп, Тетово, Крива Паланка и Претор, -2 во Охрид, Виница, Куманово и Штип, -1 во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Кавадарци, Струмица и Демир Капија, 0 во Велес, 2 во Гевгелија.

Висината на снежната покривка во 7 часот била 60 сантиметри на Попова Шапка, 53 во Маврови Анови, 36 во Крушево, 28 во Битола, 25 во Дебар, 24 во Тетово, 21 во Штип, 20 во Демир Капија, 18 во Берово и Прилеп, 14 во Претор, 12 во Виница и Струмица, 8 во Охрид, 4 во Крива Паланка.


Променливо облачно и студено наместа со повремен слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5 степени.

Во Скопје променливо облачно и студено со услови за провејување на слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе достигне до 4 степени.

Можете да прочитате

Бугарија му забрани влез на адвокатот Тони Менкиноски во следните 10 години

Евакуација на македонските државјани од Блискиот Исток со комерцијални чартер-летови од недела

Тополова – Исајловска: Кога жртвата се повлекува од притисок, системот мора да биде доволно силен да ја заштити