Утрински Весник
Економија

Завршува акцијата Новогодишна кошничка – 24info.mk

Market 3.webp.webp

Денеска и утре се последните денови од новогодишната кошничка со која речиси 1.200 производи се продаваа со намалена цена од најмалку 10%.

Веќе од утре висината на цените ќе зависи од трговците, кои ќе проценат и одлучат дали и колкаво поскапување ќе има од задутре.


Ако се земе предвид трендот од пред новогодишната кошничка, цените беа во пораст. Вкупната инфлација мерена преку индексот на трошоците на животот во декември 2024 година, во однос на ноември 2024 година, изнесуваше 0,3%, а во однос на храната, споредбено декември 2024 со декември 2023, раст на цените има во речиси сè: Најмногу кај минерална вода, безалкохолни пијалаци и сокови со поскапување од 15,8%, зеленчукот со 12,7%, кафето, чајот и какаото со 11,5%, зејтинот со раст од 11,7%, млекото, сирењето и јајцата со 7,5% и месото со раст на цената од 4%, говорат податоците на Државниот завод за статистика.

Можете да прочитате

НБРМ има целосна одговорност да ги испита сите ризици за влез на Алта Банка во Македонија

Јовановиќ: ЕЦБ води истрага против Алта Банка, таа банка може да ја наруши финансиската стабилност во земјата

Голем интерес за субвенции за инвертер клима-уреди – рокот за аплицирање до 5 октомври