Утрински Весник
Свет

Зеленски: Заробивме севернокорејски војници во регионот на Курск, ги испрашуваме во Киев

Zatvorenik Ukraina 1024x682 1.jpg

Украинските војници заробиле севернокорејски војници во Курскиот регион, во Русија, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Тоа се двајца војници кои, и покрај повредите, преживеаја. Тие беа пренесени во Киев и разговараат со истражителите на Службата за безбедност на Украина. Тоа не беше лесна задача: обично Русите и другите севернокорејски војници ги убиваат своите другари и прават се да спречат докази за учеството на друга држава – Северна Кореја – во војната против Украина“, напиша Зеленски на Фејсбук.


Украинскиот лидер сподели и фотографии за кои тврди дека покажуваат заробени војници и нивните документи. Тој им се заблагодари на членовите на Тактичката група бр. 84 на Силите за специјални операции на вооружените сили на Украина и падобранците кои ги заробија овие војници.

Можете да прочитате

Колумбија се приклучува кон кинеската иницијатива „Појас и пат“

Трамп до Ал Шара: Можете да направите нешто историско во Сирија

Трамп: Имаме основа за стабилен договор со Кина