Утрински Весник
Македонија

Калајџиев: Поради огромен притисок врз судиите и обвинителите, луѓе се осудуваат по секоја цена

Kalajdziev3 1.jpg

Постојат сериозни притисоци врз судството да се носат избрзани одлуки со цел да се задоволат одредени барања од јавноста порача универзитетскиот професор Гордан Калајџиев во емисијата Трилинг.

Тој смета дека поради такви судски одлуки државата често се соочува со тужби пред судот во Стразбур.


„Постои огромен притисок врз судиите и обвинителите, луѓето да ги осудат. Кога таа кампања е таква во јавноста, да ве оцрнат уште претходно, со прес-конференции партиски и обвинителски, со приказните за црни листи, вашата шанса на суд е теоретска. Тоа не е класично монтирано судење, но е вид на монтирано судење, бидејќи судењето се сведува на една лажна претстава, која само наводно ќе ги легитимира исходот, а исходот ние го знаеме однапред“ рече Калајџиев.

Тој додаде дека Обвинителството треба да е тоа кое ќе докаже дали некој е виновен, а не оној кој е обвинет.

„Тоа тврдење дека некој треба да докажува дека е невин е исто проблематична теза во модерните општества врз основа на пресумпција на невиност, тоа треба да го докаже Обвинителството“ заклучи професорот.

Можете да прочитате

Минчев: Платите во администрацијата се мали, но бараните 30 отсто се преголема сума

Обвинителство никогаш не дало позитивно мислење за условниот отпуст на Мијалков

Пајак му го кренал автомобилот, ја обил капијата на депото и си ја вратил колата