Утрински Весник
Свет

Црните кутии на авионот на „Џеџу Ер“ не содржат податоци за последните четири минути од летот

20250111093843 Big 730x400 43.webp.webp

Црните кутии на патничкиот авион на компанијата „Џеџу Ер“, што минатиот месец експлодираше на аеродромот Муан во Јужна Кореја, не содржат информации за последните четири минути пред експлозијата, соопштија денеска истражните органи, повикувајќи се на резултатите од истрагата.

Според јужнокорејските власти, анализата на податоците од рекордерот на летот (FDR) и гласовниот рекордер (CVR) од авионот покажала дека снимките на двата уреди биле прекинати приближно четири минути пред авионот да удри во ѕид на аеродромот.


Експлозијата се случила во 9:03 часот на 29 декември, кога авион на „Џеџу Ер“ удрил во бетонски ѕид на аеродромот Муанг, откако пролизгал по тлото затоа што тркалата не му биле спуштени.

Податоците од FDR и CVR престанале да се снимаат во 8:59 часот, што им отежнува на инспекторите да ја анализираат ситуацијата.

Иако податоците од FDR и CVR се клучни за истрагата, властите нагласија дека тие не се единствените извори на докази.

Летот 7С2216 на „Џеџу Ер“, што полета од Бангкок, Тајланд, на 29 декември за Муан, југозападно од Сеул, принудно слета, удри во бетонски ѕид, експлодира и се запали, а во несреќата загинаа 179 патници и членови на екипажот.

Можете да прочитате

Зеленски: Заробивме севернокорејски војници во регионот на Курск, ги испрашуваме во Киев

Бајден в среда ќе го одржи својот проштален говор од Овалната соба во Белата куќа

Мерц дециден пред изборите во Германија: Под мое водство нема соработка меѓу АфД и ЦДУ