Утрински Весник
Скопје

Автоперална во Карпош доби забрана за работа поради прекумерна бучава

Avtoperalna 1 768x538 1.jpg

Самоуслужна автоперална на булеварот „8 Септември“, спроти СЦ „Борис Трајковски“, доби забрана за вршење на дејност во рок од 30 дена. Забраната е изречена од инспектор за животна средина од Општина Карпош поради утврдени надминувања на максимално дозволените гранични вредности на бучава.

По пријава од граѓани, инспекциски надзор бил спроведен на 13 декември 2024 година. Мерењата потврдиле дека автопералната ги надминува дозволените нивоа на бучава. На 30 декември, на правниот субјект му бил издаден прекршочен платен налог, но истиот не бил прифатен ниту платен. Поради тоа, случајот бил препратен до надлежен орган, а на 31 декември 2024 година, инспекторот донел решение за забрана за работа во времетраење од еден месец.


– Инспекциските служби постапија со цел заштита на граѓаните од прекумерна бучава, која сериозно го нарушуваше нивниот квалитет на живот – изјавија од Општина Карпош.

Можете да прочитате

ДОМ: Недозволиво е Водно да биде жртва на профитерство – учествувајте во јавната анкета за ДУП-от „Барутана”

Левица: Орце прави спектакл за да си го крене рејтингот – една порака, цел политички циркус

АХВ: Водата од скопскиот водовод е безбедна за пиење