Утрински Весник
Македонија

Превентивна активност за заштита од екстремни температури на скијачкиот центар „Михајлово“

472332033 908281638149031 4681901372812738238 N.jpg

Превентивна активност за заштита од екстремни температури се реализираше денеска на скијачкиот центар „Михајлово“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

– Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи – Југ, во соработка со локалната власт во општина Кавадарци, денеска на ски-центар „Михајлово“, со посетителите на центарот, како и со жители на околните места кои гравитираат околу Михајлово, спроведоа превентивна активност фокусирана на заштита од екстремни температури, појаснуваат од МВР.


Полициските службеници во непосредна комуникација со граѓаните, преку практични и показни активности, укажувале како луѓето можат и треба да се заштитат во околности на екстремни временски услови и непогоди, особено при снежни наноси и мраз, потоа како да се пружи прва помош во насока на превенирање на потенцијалните опасности.

Можете да прочитате

(Фото-Видео) Скопје во чад и мирис на пластика

Бети Стаменковска кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Кисела Вода, во Кочани ќе го поддржат Влатко Грозданов

Македонец лежи затвор за учество во војната во Украина – РСЕ го посети во „Идризово“