Утрински Весник
Македонија

Зголемен бројот на дечиња со респираторни инфекции во Детската клиника

Detska Klinika.jpg

Директорот на Детската клиника Реџепт Мемеди информира дека во нивната клиника е зголемен бројот на пациенти со респираторни и цревни инфекции.

-Во овој дел од годината доминираат сезонските вируси кои се почести. И тоа е скоро секоја година во овој дел од годината. Имаме зголемен број на пациенти со респираторни симптоматологии и цревни инфекции кои се третираат на нашата клиника и ја добиваат потребната нега, рече Мемеди при денешното промовирање на апаратури во Детската клиника.


Директорот Мемеди нагласи дека работат со полн капацитет и се обидуваат максимално да направат правилна тријажа и потешките пациенти да ги задржат на болничко лекување.

И Институтот за јавно здравје во својот извештај за периодот од 30 декември 2024 до 5 јануари годинава посочува дека е зголемен бројот на заболени од грип. Од вкупно 331 заболени, 101 се деца на возраст од 5 до 14 години и 42 деца на возраст од 0 до 4 години.

На новинарско прашање околу подготвувањето на стратегијата за аерозагадувањето, министерот за здравство Арбен Таравари истакна дека Министерството повеќе ги разгледува прашањата во кои загадувањето на воздухот прави штета на здравјето на пациентите.

-Тоа го работат експерти. Меѓутоа, во Министерството за здравство имаме екипа која што подготвува такво нешто. Меѓутоа сепак тоа не е цел баш само на Министерството. Ние ги разгледуваме повеќе тоа што загадувањето прави штета на здравјето на пациентите, рече Таравари.

Можете да прочитате

ЦУК апелира на соодветни подготовки и следење на прогнозата кога се тргнува на пат, претстои студен бран и врнежи од снег

Филхармонија за отказот на маестра Дијана И. Илкоска: Никогаш не ѝ беше ветена работа на неопределено време

Мицкоски ќе оди на инаугурацијата на Трамп