Утрински Весник
Свет

Фејсбук ги укинува „факт чекерите“

Facebokk Instagram.jpg

Компанијата МЕТА раководена од Марк Цукерберг, која ги поседува Фејсбук и Инстаграм, најави дека ќе ги укине „факт чекерите“ и ќе препорача повеќе политички содржини на своите платформи.

Цукерберг изјави дека оваа одлука е дел од новата стратегија која ќе стави поголем акцент на слободата на говорот, особено по враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа.


„Проверувачите на факти на Мета се премногу политички пристрасни и уништиле повеќе доверба отколку што создале“, рече Цукерберг, објаснувајќи дека сегашниот систем ќе биде заменет со заеднички белешки слични на оние што ги користи платформата X (поранешен Твитер).

Според најавите, промените најпрво ќе започнат во САД, а потоа ќе се прошират и на глобално ниво. Цукерберг истакна дека „драстично ќе се намали цензурата“ и ќе се овозможи поотворена дискусија, додека корисниците ќе добијат поголема контрола врз споделените информации.

Можете да прочитате

„Ќе го нападнеме Иран толку силно што нема да може да се обнови никогаш, ќе има смрт и оган над нив“ – Дали Трамп суптилно се заканува со нуклеарно оружје?

Во Израел повредени над 190 лица по вчерашните ирански напади

Иран: САД нè нападнаа, преговорите повеќе не се опција