Утрински Весник
Свет

Исчезнат планинар е пронајден во Австралија по 13 дена потрага

7 2.jpg

Хади Назари, 23-годишен студент по медицина, беше пронајден жив откако исчезна пред 13 дена на 26 декември минатата година додека планинареше во австралискиот национален парк Кошчиушко.

Откако се разделил од своите пријатели за да го фотографира пејзажот, тој се изгубил во регионот на Снежните Планини.


Потрагата, во која учествуваа стотици волонтери, меѓу кои и пријателите и семејството на исчезнатиот ученик, траеше речиси две недели. Го спасила група планинари кои го пронашле денеска во близина на Синото езеро, на околу 10 километри од кампот каде што требало да се сретне со своите пријатели.

Според началникот Ендрју Сплит, Назари бил дехидриран, но бил свесен и не бил сериозно повреден. Брзата помош веднаш со хеликоптер го пренела во болница на дополнителен преглед.

Назари преживеал на две плочки од житарки пронајдени во планинска колиба, бобинки и вода од поток. Сплит ја пофали неговата снаодливост и упорност и истакна дека поминал значително растојание во тешки услови.

Неговото семејство, видно трогнато, рече дека ова е „најсреќниот ден во нивниот живот“. Спасувачката операција заврши успешно и покрај предизвикувачките временски услови. Полицијата ќе разговара со Назарио откако тој ќе заврши со опоравувањето во болница за да ги разјасни сите околности на неговото исчезнување.

Можете да прочитате

Трамп соопшти дека Кина ќе купи 200 авиони „Боинг“, а нарачката би можела да достигне и до 750

И Уганда прогласи жариште на ебола

ФБИ нуди 200.000 долари награда за поранешна американска разузнавачка која пребегна во Иран