Утрински Весник
Свет

Бројот на жртви од нападот на Божиќниот пазар во Магдебург се искачи на шест

20250106132736 Big 730x400 23.webp.webp
Dik 300x250 mk

Бројот на жртви од нападот на Божиќниот пазар во Магдебург, Германија, се искачи на шест, откако денеска беше соопштено дека една од повредените жени им подлегнала на повредите, јави ДПА.

52-годишна жена починал во болница, соопшти обвинителството во Наумбург.


Нападот се случи на 20 декември, кога 50-годишен маж со автомобил влета во толпа луѓе, усмртувајќи пет лица, меѓу кои 9-годишно момче и четири жени.

Осомничениот, идентификуван како Талеб А., е државјанин на Саудиска Арабија со постојан престој во Германија од 2006 година. Тој претходно работел како лекар во психијатриска болница. Обвинителството истражува дали осомничениот страда од психички заболувања.

Се истражуваат и безбедносните мерки на пазарот, бидејќи пристапите не биле соодветно обезбедени, соопштија властите

Можете да прочитате

Кошта: Проширувањето на ЕУ сега стана реална можност

Закана за бомба во авион? Драма во Вашингтон: Сите летови одложени…

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно