Утрински Весник
Свет

Зимата предизвика откажување на 120 летови до и од аеродромот во Франкфурт

Aerodrom Sneg.png

Неповолните зимски услови предизвикаа откажување на 120 летови до и од аеродромот во Франкфурт, од вкупно 1.090 планирани, информира ДПА.

Според портпаролот на аеродромската управа, пистите на најголемиот германски аеродром мора да бидат исчистени, додека намалената видливост дополнително го ограничува капацитетот на аеродромот. Процесот на одмрзнување на авионските крила се одвива подолго поради екстремните зимски услови.


Слични проблеми се забележани и на аеродромот во Штутгарт, каде што доцнења се пријавени поради истата причина. Досега таму се одложени седум летови, а пистата е исчистена и подготвена за употреба, потврди портпаролката на аеродромот.

На патниците им се препорачува да го проверат статусот на своите летови и, ако е потребно, да планираат дополнително време за пристигнување на аеродромите.

Можете да прочитате

Фејсбук ги укинува „факт чекерите“

Повеќе од 400 луѓе спасени од урнатините по земјотресот во Тибет

Папата Франциско ги осуди злоставувањето и злоупотребата на децата