Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: На 1 јули не беше ставен ниту еден метар асфалт на патот Крива Паланка – Страцин, СДС со години тапкаа во место

Vmro.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Интегрален текст од соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

На 1 јули не беше ставен ниту еден метар асфалт на патот Крива Паланка – Страцин, СДС со години тапкаа во место, владата на ВМРО-ДПМНЕ го направи за 6 месеци.


Фактите се тврдоглава работа, и колку и СДС да сака да ги искриви, не може. Видеоматеријалот кој го праќаме во прилог на ова соопштение јасно докажува дека на 1 јули 2024 година експресниот пат Крива Паланка – Страцин е се само не финализиран.

Со години СДС неможеше да го направи патот, исто како што не го направи ниту Градско – Фариш, ниту пак автопатот Кичево – Охрид.

За 6 месеци владата на ВМРО-ДПМНЕ со напорна работа на терен ги заврши работите на патот Крива Паланка – Страцин и го пушти во употреба.

Нема повеќе застој на инфраструктурните проекти, се работи забрзано и Македонија се поврзува со брзо темпо.

Владата го менува изгледот на државата. Македонија е ставена на брза трака за економска трансформација.

Можете да прочитате

Прерано згасна млад живот – УМС на ВМРО-ДПМНЕ се простува од Ратко

Муцунски: Мора да се најде решение со Бугарија за деблокада на евроинтеграциите

Собранието ги усвои законските измени за „Безбеден град“