Утрински Весник
Свет

Француската полиција заплени дрога вредна 130 милиони евра 

Img 0646.jpeg

Француската полиција заплени повеќе од два тони кокаин во вредност од околу 130 милиони евра и уапси двајца мажи во пристаништето на градот Авр, соопштија светските агенции повикувајќи се на официјални извори.

Оваа акција претставува дел од пошироките напори на Франција и другите европски земји за спречување на шверцот на наркотици и за ограничување на активностите на криминалните банди. Француските власти предупредуваат на зголемениот ризик од смртоносни пресметки меѓу нарко групите во европските градови.


Минатата година Европската комисија започна кампања заедно со пристанишните власти ширум Европа, со цел засилување на контролата и спречување на шверцот на дрога преку големите пристаништа.

Францускиот премиер Франсоа Бајру и министерот за внатрешни работи Бруно Риотајо најавија построги мерки за борба против организираниот криминал.

– Со секој изминат ден ја засилуваме војната против трговијата со дрога, благодарение на исклучителната работа на нашите офицери – изјави Риотајо на платформата „Икс“ и им честиташе на припадниците на полицијата за успешната операција во Авр.

Можете да прочитате

Опсада во Германија: Маскиран напаѓач уби двајца во фабрика, полицијата трага по него

Ужасен фемицид во Дортмунд: Жена убиена од сопруг со македонски пасо

Најмалку пет загинати во зимската бура во САД