Утрински Весник
Свет

Почина Томико Итока на 117 години, најстара личност на светот

Uploads Thumbs Resize 800x420 678128.jpg

Јапонката Томико Итока, која беше најстарата личност на светот според Гинисовата книга на рекорди, почина на 117-годишна возраст, соопшти денеска функционерот на градот Ашија, Јошицугу Нагата.

Нагата, кој е службеник задолжен за политиките за стари лица, рече дека Итока починала на 29 декември во старечки дом во Ашија во централна јапонска префектура Хјого, пренесе АП.


Итока е родена на 23 мај 1908 година, а минатата година стана најстарата личност на светот по смртта на 117-годишната Американка Марија Брањас.

Кога Итока го прослави својот роденден минатата година, од градоначалникот доби цвеќе, торта и честитка.

Се омажила на 20 години и имала две ќерки и два сина.

Според Геронтолошката истражувачка група, најстарата личност во светот сега е 116-годишната бразилска калуѓерка Ина Канабаро Лукас, која е родена 16 дена по Итока.

Можете да прочитате

Иран и Израел продолжуваат со меѓусебни воздушни напади

Захарова: Блиску сме до нуклеарна катастрофа

Трамп: Можеби ќе го нападнам Иран, можеби не