Утрински Весник
Македонија

МНР: Нашите мисли се со народот на Црна Гора во ова тешко време

Mnrint.webp.webp

По масакрот во Цетиње се огласи и македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија.

„Длабоко сме шокирани и тажни од трагичните настани во Цетиње, Црна Гора. Стоиме во солидарност со семејствата на жртвите и со народот на Црна Гора во ова тешко време. Нашите мисли се со вас“, наведуваат од македонското МНР преку соопштение.


Претходно се огласи и претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова. Таа утрово упати сочувство до семејствата од Црна Гора. Во порака на социјална мрежа „Х“, претседателката порача:

„Упатувам најдлабоко сочувство до семејствата и најблиските погодени од трагичното масовно пукање во Цетиње, Црна Гора. Моите мисли се со жртвите, нивните семејства, народот на Црна Гора и сите оние кои беа погодени во ова неверојатно тешко време“.

Осомничениот маж кој изврши масакр во Цетиње е мртов- соопштија црногорските власти. Се обидел да се самоубие откако бил опколен од полицијата, починал на пат кон болница. 45- годишниот напаѓач идентификуван како Ацо Мартиновиќ усмрти најмалку 10 лица, вклучително и две деца, и рани уште четворица други. На убиствата им претходела расправија в кафеана по што Мартиновиќ заминал и се вратил со оружје усмртувајќи го сопственикот на локалот и неговите деца, како и членови на сопственото семејство. Во земјата е прогласена тридневна жалост.

Можете да прочитате

Власта ја елиминираше Ристовска за да стави обвинител под контрола на Мицкоски, велат од СДСМ

Министерството за енергетика со нов повик за субвенционирање клима уреди

Хорор во Скопје: ја нападнал сопругата и ја избркал од дома, децата ги заклучил во тоалетот