Утрински Весник
Свет

Поранешниот израелски министер Јоав Галант го напушта Нетанјаху и во Кнесетот

20250102073943 Big 730x400 64.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Поранешниот израелски министер за одбрана, Јоав Галант, кој често заземаше независен став од премиерот Бенјамин Нетанјаху и неговите екстремно десничарски сојузници во владата, изјави дека поднесува оставка од парламентот. 

Нетанјаху го смени Галант од владата во ноември по неколкумесечни несогласувања околу водењето на војната против Хамас во Газа, но тој го задржа своето место како избран член на Кнесетот. 


-Како што е на бојното поле, така е и во јавна служба. Има моменти кога човекот мора да застане, да оцени и да избере насока за да ги постигне своите цели, рече Галант синоќа во телевизиска изјава. 

Галант како министер често пати се судираше со Нетанјаху и неговите коалициски партнери – екстремно десничарски и верски партии, вклучително и околу ослободувањето од воена служба на ултраортодоксните Евреи. 

Во март 2023 година, Нетанјаху го смени Галант откако тој повика на запирање на многу контроверзниот владин план за намалување на овластувањата на Врховниот суд. Неговото разрешување предизвика масовни протести и Нетанјаху се повлече. 

Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на Галант и Нетанјаху, заедно со лидерот на Хамас, за воени злосторства и злосторства против човештвото во конфликтот во Газа, што Израел го оспорува.

Можете да прочитате

Лавров: САД ни ветија украинска територија

Будимпешта го блокира годишниот документ за проширување на ЕУ поради Украина

Силни безбедносни гаранции од Европа и САД се услов за мировен договор, порача Зеленски