Утрински Весник
Скопје

Градоначалничката Данела Арсовска го посети првороденото бебе во 2025

20250101135832.jpg

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, денеска на Клиниката за гинекологија ја посети Сања Талевска, мајката на првороденото бебе во Македонија во 2025.

Талевска го роди Јаков една минута по полноќ, инаку здраво машко бебе, тешко 3190 грама и долго 50 сантиметри.


„Првороденото бебе за 2025 година се роди на само минута по полноќ на Универзитетската Клиника за Гинекологија и акушерство Скопје.

На мајката за која ова е прво дете и бебето Јаков во новата година им посакавме многу здравје и радости, со штедна книшка и пригодни подароци. Наша желба за младата Сања Талевска и за целото семејство е заедно да се радуваат на успесите на Јаков во годините кои претстојат“, објави Арсовска.

Можете да прочитате

Соседска дружба за пример: Цртан филм и маскота ги собраа семејствата во Џевахир во Аеродром

Меџити: Чаир и Вакарици кон збратимување, ги зајакнуваме врските со Арберешите преку конкретна соработка

Ѓорѓиевски: Мост „Генерал Михајло Апостолски“ – се ослободува трасата за конечно ставање во функција