Утрински Весник
Свет

Словенија со највисока инфлација во последните седум месеци

24bca01d Resize 820x0x100.jpg

Инфлацијата во Словенија во декември достигна 1,9 отсто на годишно ниво, што е највисока стапка од мај, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во ноември инфлацијата изнесуваше 1,7 отсто.

Цените на комуналните услуги се зголемени за 1,3 отсто во однос на истиот период минатата година, а храната и безалкохолните пијалаци поскапеле за 2,6 отсто. Цените на транспортот бележат раст од 1,2 отсто по претходен пад од 1,8 отсто во ноември.


Просечната годишна инфлација за 2024 година изнесува 2 отсто. Хармонизираниот индекс на потрошувачките цени, што служи за споредба во рамките на ЕУ, се зголеми за 2 отсто на годишно ниво.

Можете да прочитате

Бебе преживеа пад од 33 метри висина

ММФ одобри нова програма за финансирање на Украина вредна 8,1 милијарда долари

Носачот на авиони „УСС Џералд Р. Форд“ пристигнува на брегот на Израел