Утрински Весник
Македонија

Судскиот совет на 3 јануари ќе избира нов претседател по оставката на Дамева

Sudski Sovet 1.jpg
Dik 300x250 mk

Судскиот совет закажал избор на нов претседател за петок, 3 јануари, точно еден месец откако Весна Дамева поднесе оставка од функцијата на 2 декември.

Дамева во образложението за оставката посочи дека нејзиниот интегритет бил нарушен од одредени политичари, директно споменувајќи го премиерот Христијан Мицкоски и пратеникот Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.


Премиерот Мицкоски, на денешната прес-конференција, одговори на новинарски прашања во врска со разрешувањето на членови на Судскиот совет. Тој изјави дека не се согласува со тврдењата на одредени експерти дека процесот е противуставен и незаконски.

Изборот на нов претседател ќе биде клучен за насоката во која ќе се движи оваа важна институција во следниот период.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ води со 21 мандат, ВЛЕН 4, СДСМ 3 – 19.258 ливчиња неважечки

Кичево слави: ВМРО-ДПМНЕ ја освојува општината по повеќе од 15 години

Костадинов: СДСМ мора да помине низ сериозен филтер и реформи