Утрински Весник
Македонија

Касами: Поддршката на Албанска академија на науки и уметности е договорена, ќе видиме како ќе се реализира

Bilal Kasami.jpg

Советот на Општина Тетово во рамки на денешната 43-тата седница го усвои буџетот за 2025 година кој ќе изнесува 49,3 милиони евра.

Буџетот беше изгласан од 27 од вкупно 31 советник, а пред гласањето ниту еден од советниците не се јави да дебатира за оваа точка на дневен ред.


Новинарските прашања до претставниците на локалната власт денес беа насочени кон тоа дали ќе се одвојат буџетски средства за здружението на граѓани кое сака да се формира албанска академија на науки и уметности, што во неколку наврати беше најавувано од градоначалникот Биљал Касами.

Тој рече дека стојат за таа преземена обврска, но и дека тоа не е прашање на буџетот кој беше усвоен.

– Што се однесува за албанската академија сигурно дека ние како општина Тетово, согласно нашите преземени обврски ќе стоиме на тоа, а ќе бидеме понатаму во договор со нив како ќе се реализира. Значи не е тоа прашање на буџетот кој беше усвоен денеска. Реков значи дека тоа е прашање на поддршка која ние веќе сме се договориле и ќе видиме како ќе се реализира, изјави Касами.

Можете да прочитате

Мисајловски: Инфраструктурните активности продолжуваат со силно темпо

1.875 прекршоци и 116 кривични пријави за возачи на велосипеди, мопеди и мотоцикли

Во тек е третиот конкурс за наградата „Оливера Николова” за најдобар необјавен роман за деца и млади