Утрински Весник
Македонија

Сообраќајот во зимски услови, по претежно суви коловози

20241216072804 Big 730x400 55.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Пронајден починат вработен во Пожарната во Илинден

Мицкоски: Потребно е системско решение за аерозагадувањето, развиваме проект со кој ќе се реши проблемот со затоплувањето на домовите

МВР доби нови 120 полициски возила опремени со најсовремените тетра системи