Утрински Весник
Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ излажа дека ќе ги намали функционерските плати

Sdsm Sdsm.jpeg

Соопштение на СДСМ:

Граѓаните се соочија со суровата вистина за политиките на ВМРО-ДПМНЕ, партијата која, ветуваше промени и грижа за граѓаните а директно работи на нивно осиромашување на сметка на елитата.


Кога беа во опозиција повторуваа дека веднаш штом ќе дојдат на власт, ќе ги намалат функционерските плати. Ветуваа „скромност” и „одговорност” но, како што сведочиме денес, штом седнаа во удобните фотелји, ја сменија плочата. Наместо да ги намалат платите на функционерите, сега слушаме дека нема ниту збор за тоа – туку дека платите нема да се покачуваат, наместо да се намалуваат. Реалноста е дека и понатаму нивните плати се покачуваат додека платите на граѓаните стагнираат или се намалуваат.  

ВМРО-ДПМНЕ покажува целосна незаинтересираност и неспособност да ги реши клучните прашања во економијата и стандардотна граѓаните. Минималната плата останува замрзната, без никакво покачување кое би им помогнало на најранливите категории граѓани. Просечната плата стагнира, и покрај тоа што секојдневно се зголемуваат цените на основните прехранбени производи, енергијата и горивата.

Можете да прочитате

За еден ден приведени 10 возачи

Битолчанец вработен во училиште во притвор по меѓународна акција за детска порнографија

Граѓаните од ранливите категории ќе можат полесно да аплицираат за инвертер клима уреди