Утрински Весник
Свет

Почина Швеѓанецот, Аке Густавсон кој го измисли модерното пакување познато како Тетрапак

Pexels Chuck 15491800 E1735382468340.jpg

Аке Густавсон, шведскиот изумител на модерното пакување познато како Тетрапак, почина во Швајцарија во својата 101-ва година. Овој вид пакување првпат се појави на пазарот 1963 година и денес се произведуваат милијарди низ целиот свет.

Изумителот на модерното пакување познато како Тетрапак, Густавсон, почина во 101-ва година во Швајцарија, во својот дом во Шател-Сен-Дени, во кантон Фрибур, соопшти неговиот претставник.


Индустријалецот ја презеде раководната позиција во компанијата “Тетра Пак” во 1959 година, кога се занимавала со производство на пакување за млечни производи во пирамидален облик.

Под неговото раководство, компанијата го разви своето производство и наскоро го лансираше пакувањето за млеко и млечни напитоци во правоагаолен облик, познато како “тетрабрик”, се вели во соопштението на Шведската кралска академија за инженерски науки. Овој вид пакување првпат се појави на пазарот во 1963 година.

Стотици милијарди парчиња вакви пакувања денес се произведуваат низ целиот свет.

Можете да прочитате

Зеленски кажа дека Украина ќе го почитува велигденскиот прекин на огнот и повика тој да трае 30 дена

Огромни бранови во Австралија, пет лица се удавија, двајца исчезнати

За Зеленски велигденското примирје на Путин е нова манипулација