Утрински Весник
Свет

Токаев: Казахстан ќе обезбеди непристрасна истрага за авионската несреќа

Avion Kazahstan Epa.jpg
Dik 300x250 mk

Казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев во телефонски разговор со неговиот азербејџански колега Илхам Алиев изјави дека Астана ќе направи се за да обезбеди непристрасна истрага за авионот на Азербејџан ерлајнс што се урна во средата во близина на градот Актау.

„Казахстанската страна ќе направи се за да обезбеди сеопфатна и непристрасна истрага за околностите на авионската несреќа“, посочил Токаев и го информирал Алиев за напредокот на работата на специјалната државна комисија за истрага на несреќата, пренесува агенцијата Казинформ.


Алиев се заблагодари на Владата на Казахстан за преземените итни мерки во операциите за пребарување и спасување и давање итна помош на повредените.

Соговорниците се согласија дека владините структури на двете земји ќе останат во близок контакт за време на истрагата за несреќата.

Авионот на летот Ј2-8243 на Азербејџан ерлајнс од Баку за Грозни се урна во средата во близина на градот Актау во Казахстан. Најмалку 38 лица загинаа, додека 29 ја преживеаја авионската несреќа.

Можете да прочитате

Зеленски: Мора да извршиме заеднички притисок врз Путин за да ја запре војната 

Новиот пакет санкции кон Русија вклучува 69 листи на индивидуални и економски рестриктивни мерки

Северна Кореја тестираше нови суперсонични ракети