Утрински Весник
Економија

Објавени пет јавни повици за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост

20221113113256 Big 730x400 28.webp.webp

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објави 5 Јавни повици за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост.

Првиот Јавен повик се однесува за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над 3 хектари.


Додека пак другите четири Јавни повици се однесуваат за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари за различни региони и катастарски општини.

Понудите се поднесуваат во рок од 30 дена од денот на објавувањето на Јавниот повик во дневните весници кои се издаваат во Република Северна Македонија, до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Јавните повици се објавени и на веб страницата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Можете да прочитате

Осум Македонци меѓу најбогатите 100 личности во регионот на екс Југославија

(Видео) СДСМ: Укинување на недела неработен ден е нов удар против работниците

Левица: Со недела работен ден Мицкоски го претвoра работникот во роб на капиталот