Утрински Весник
Македонија

Видео-конференциска врска со македонските мировници

Arm.webp.webp

Во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец денеска традиционално ќе се одржат две предновогодишни активности на Министерството за одбрана и Армијата: видео конференциска врска со македонските мировници во присуство на членовите на нивните семејства и поделба на новогодишни пакетчиња на децата на припадниците на Армијата.

Претседателката и врховен командант на Армијата Гордана Сиљановска Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот генерал-мајор Сашко Лафчиски преку видео конференциска врска ќе им се обратат на припадниците на македонската Армија кои извршуваат задачи во мисиите и операциите во Косово, Босна и Херцеговина, Либан, Латвија, Романија и Бугарија.


Потоа на децата на мировниците ќе им бидат поделени новогодишни пакетчиња. Како што е најавено, предвидено е обраќање на претседателката Сиљановска Давкова.

На пладне на традиционалниот настан во воздухопловниот ВИНГ, Дедо Мраз ќе им подели новогодишни пакетчиња на децата на припадниците на Армијата и Министерството за одбрана.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Аудито Q8 на Филипче кое го возеше и во предизборната кампања е купено од фирмата која продавала 3 пати поскап јаглен на ЕСМ

Мајка пријави исчезнување на нејзините две малолетни ќерки – Се вратиле сами дома по неколку часа!

Избегнувајте сонце од 11 до 17 часот и пијте многу вода, не оставајте никого во паркирано возило