Утрински Весник
Македонија

Петрушевски: Криминалот во Лотарија се шири, Груби и Перпарим злоупотребиле многу повеќе од 8 милиони евра

Brane Petrusevski 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Интегрален текст од прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ:

Почитувани,


Криминалот во Лотарија се шири, Груби и Перпарим злоупотребиле многу повеќе од 8 милиони евра.

Договарани се тендери за набавка на телевизори, принтери и компјутерска опрема, кои по спроведените проверки никаде не може да се пронајдат.

Над 400.000 евра е криминалот, со набавка на разна компјутерска опрема и телевизори, за кои е потпишан прием, а при извршување на попис не се пронајдени воопшто.

За ваквиот криминал кој е документиран, истражен и за кој се покренати постапки за неколку месеци по преземањето на власта, не може да не знаеле СДС.

СДС знаеле, но молчеле и им одговарало Груби и ДУИ да крадат, за тие што подолго да останат на власт.

Сега откако се излегува на површина, каде се СДС да го осудат Груби и да го повикаат да се врати?

Наместо осуда на Груби, гледаме како смислуваат разни приказни.

Приказните се единствено нешто кое им и остана. А одговорноста е таа која доаѓа.

Можете да прочитате

Избувнал пожар во куќа во Тетово

Вратени украдените книги од Државниот архив 

Мицкоски остро до Софија за македонскиот јазик