Утрински Весник
Свет

Пронајдена уште една црна кутија на местото на авионската несреќа во Казахстан

12708052.jpg

 Втората црна кутија е пронајдена на местото на авионската несреќа што се случи вчера во близина на градот Актау на западниот дел на Казахстан, изјави окружниот сообраќаен обвинител на Мангистау, Абилајбек Ордабаев.

„Во авионот се пронајдени две црни кутии. Тие ќе бидат предадени на одделот за истрага на воздушни несреќи, а потоа ќе бидат прегледани“, рече тој на прес-конференција.


Според него, од повредените се земени изјави и се идентификувани сите сведоци, а се испитува и видеото од радио врската меѓу диспечерот и екипажот.

Можете да прочитате

Израел тврди дека го нападнал седиштето на силите Кудс на иранската Револуционерна гарда

Уапсен осомничениот за убиството на политичарка и нејзиниот сопруг

Во израелските напади врз Иран убиени најмалку 224 лица