Утрински Весник
Македонија

Уапсен вработен во финансиска полиција за случајот со „Државна Лотарија“

Finansiska Policija.jpg

Вработен во Управата за финансиска полиција е уапсен поради вмешаност во злоупотреби поврзани со случајот „Државна лотарија“, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочовска денеска на собраниска седница.

Таа нагласи дека лицето е приведено поради злоупотреба на буџетски средства, што е дел од пошироката истрага за криминал во државната компанија „Државна лотарија на Република Северна Македонија“.


Директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан Ивановски, за МИА потврди дека истрагата покажала поврзаност на лице од институцијата со малверзации во Лотарија.

„Истрагата се проширува и нема да има заштитени. Секој што е вмешан ќе одговара пред законот“, изјави Ивановски.

Премиерот Христијан Мицкоски исто така потврди дека добил нови информации за време на седницата и дека списокот на уапсени расте.

„Има нови приведени лица, кои во најкус можен рок ќе бидат изведени пред обвинител и судија. Случајот е комплексен и вклучува нови детали за злоупотреба на буџетски средства,“ рече Мицкоски.

Случајот опфаќа и поранешни високи функционери, меѓу кои поранешниот вицепремиер Артан Груби и ексдиректорот на Лотарија, Перпарим Бајрами, кои засега се во бегство.

Истрагата продолжува, а јавноста е во очекување на дополнителни информации за разрешување на овој скандал кој ја потресе политичката и економската сцена во земјата.

Можете да прочитате

Собранието го донесе Законот за учебници, усвои и повеќе закони од различни сфери

Врне снег во Берово, Делчево и на планинскиот превој Плетвар, не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот

Македонија со најниска просечна плата во регионот