Утрински Весник
Македонија

Струга и годинава без организиран пречек на Нова година

Struga Nova Godina.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Струга и годинава нема да има организиран пречек за Нова година. Во пресрет на новогодишните празници градот е украсен онака како што доликува на една туристичка дестинација.

Светилки и новогодишни реквизити блескаат низ централното градско подрачје, Чаршијата, новото шеталиште и кејот на реката Црн Дрим. На Чаршискиот мост, традицинално е поставена новогодишната елка.


За најмладите предвидена е предновогодишна забава на 30 декември пред општинската зграда, забава со локални бендови, а Дедо Мраз ќе прошета и низ градските улици.

За првите три новороденчиња во Новата година Општината предвиде по 15.000 денари, а од општинскиот буџет предвидени се и средства за пакетчлиња за децата од социјално загрозени семејства и деца со попреченост.

– Струга е украсена и подготвена да ги пречека туристите што сакаат да го посетат градот. Со украсувањето на градот, Советот и Општината излегуваат во пресрет на бизнисот со цел привлекување што повеќе туристи, изјави претседателката на Советот Арбреша Влаши.

Во градот веќе се чуствува претпразнично движење, кафулињата и рестораните организираат претпразнични забави. Хотелиерите најавија целосна исполнетост на туристичките капацитети, а забележително е присуството на туристи во градот, како и на печалбарите, кои празниците ги минуваат во родното огниште.

Можете да прочитате

ДСЗИ иницира формирање комисија да се утврди дали има пропуст во третманот и лекувањето на новороденчето од Арачиново

Едно лице тешко повредено во Скопје, пробало да се самоубие

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации